Бербок ќе го претстави концептот за феминистичка политика во германското МНР
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и министерката за развој Свења Шулце планираат денеска да ги презентираат нивните концепти за посилна феминистичка политика во нивните соодветни министерства.
Двете ќе дадат заедничка изјава во Берлин околу пладне по завршување на состанокот на федералниот кабинет. За концептите не е потребна одлуката на кабинетот. Станува збор за насоки кои ќе се применуваат во министерствата.
Во предговорот на каталогот од 80 страници со упатства за феминистичка надворешна политика, Бербок пишува дека правата на жените се показател за состојбата на општествата.
Концептот е составен дел на надворешната политика заснована на вредности и треба да се одрази и во планираната стратегија за национална безбедност „во смисла на сеопфатно разбирање на безбедноста“. Ќе биде назначена нова амбасадорка за „феминистичка надворешна политика“.
Концептот на Шулце предвидува дека до 2025 година, повеќе од 90 отсто од проектните средства да се влеат во програми кои ја унапредуваат родовата еднаквост. Концептот на феминистичка развојна политика треба да биде спроведен во соработка со земјите партнери.
Најмалку 50 отсто од раководните позиции во министерството треба да бидат пополнети со жени.