
Против предлогот за формирање албански заедници се и политичката и општествената јавност. Премиерот Ковачевски и Мицковски лидерот на ВМРО – ДПМНЕ му порачаа на Гаши да ги го прочита Рамковниот договор.
Идејата на Алтернатива доби вето и од единствената опозициска партија во албанскиот блок .
– Движењето БЕСА е против идејата на Србија за Асоцијација на српските општини во Косово. Неможе да се прави паралела помеѓу 4% срби во Косово со 30% албанци во Северна Македонија. Цениме дека официјално и Владата треба јасно да изгради став и да биде против асоцијацијата во Косово бидејќи таква идеја ги пореметува сите напори и процеси кои го гарантираат мирот и стабилноста во регионот. – велат од Беса.
Според Ахмети оваа идеја е антиевропска и антиамериканска. Но Гаши има подршка од Изет Меџити, а Алтернатива воедно ја толкува како подршка на ДУИ.
– Првин не се сложувам дека „сите партии“ ја отфрлија идејата. Вие имате потпретседател на ДУИ кој се служува со оваа идеја, а имате и други чинители на нашата општествена сцена кои го подржаа. Ние имаме општини кои едноставно се нефункционални или под стечај. Затоа ваквата соработка на општините со мнозинство албанско население само би придонела за развој на нивната општинска инфраструктура. За тоа како ќе се организира, со каков статут, со какви надлежности, јас не можам да прејудицирам. Тоа е прашање на дебата. – изјави Зекирија Ибраими генерален сектерат од Алтернатива.