Паралелна истрага за несреќата на автопатот „Струма“ кај Перник, во Бугарија што се случи на 23. ноември, а во која загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седуммина беа повредени бараат преживеаните и роднините на загинатите.
Тие побарале од Окружниот суд во Перник паралелно да ги испита причините за несреќата, а очекуваат и повеќе информации за злато и накит вредни неколку илјадници евра што патниците ги носеле со себе – јавуваат бугарски медиуми.
Семејствата кои се во жал се уште ги чекаат зачуваните работи на своите најблиски.
И преживеаните и роднините на загинатите инсистираат на паралелна истрага за причините за трагедијата, освен кривичната постапка што ја покрена обвинителството.