Цените на нафтата највисоки во последниве 8 години

Цените на нафтата се на највисокото ниво, последен пат вака се движеа во октомври 2014 година.

Причина – растечките геополитички тензии, намаленото производство и очекувањата за поголема побарувачка.

Инвеститорите се загрижени дека глобалните политички тензии во кои се вклучени некои од најголемите светски производители на нафта може да ги влошат и онака ограничените изгледи за снабдување.

Цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денеска е над 86 долари за барел, додека северноморската нафта брент се тргуваше по цена повисока од 88 долари за барел во исто време.

На првиот ден од оваа година цената на нафтата WTI беше нешто повисока од 75 долари за барел, а нафтата од типот брент чинеше помалку од 78 долари за барел.