Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа nаправени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19 од кои во Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55…
Од вкупниот број на позитивни (2.051), регистрирани се 276 реинфекции.
Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од: Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (82 г и 86 г) и Битола (48 г и 65 г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76 г), Прилеп (77 г) и Охрид (70 г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.
Бројот на починати во Македонија е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498.