
„Двајцата претседатели ги покажаа разликите и не беше тешко да се предвиди дека ќе има дополнителна ескалација и никој не зборуваше за мир, туку само за победа. За Путин победата е на страната на Русија, а за Бајден, Украина не е место каде Русија ќе победи, да се оди кон понатамошни конфликти и јасно е дека никој не сака да најде решение, туку своја победа“, рече Вучиќ.
„Нема сомнеж дека ситуацијата е многу тешка и дека ќе станува сѐ потешка. Не очекувам промена во рок од 24 или 48 часа, но очекувам зголемени напади од поподготвената руска страна и украинските контраофанзиви што ќе придонесе за подигање на тензиите и жртви.За нас важно е да се концентрираме на себе и на обидот да излеземе од кризата. Важно е внимателно да следиме што се случува“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека и двајцата претседатели покажале желба да ги исправат неправдите. Вучиќ се осврна и на темата за воведување санкции кон Русија. Тој рече дека на Србија ќе ѝ биде потешко бидејќи ситуацијата во светот е посложена.