Дојави за бомби во 12 училишта во Скопје и во едно во Прилеп

Повторно беше прекината наставата во неколку скопски училишта, откако утрово повторно пристигнаа дојави за бомби.

Полициски екипи се на терен и ќе се извршат антитерористички проверки, по кои се очекува официјално соопштение од МВР.

Вчера имаше дојави во повеќе објекти низ Скопје, меѓу кои хотели, музеи, станбени згради, трговски центри, па и во претседателската палата, но сите закани беа лажни.