
Најмалку 40 лица загинаа во поплавите и одроните предизвикани од невремето и обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло, додека десетици луѓе се водат за исчезнати.
Во крајбрежниот град Сао Себастијао ситуацијата е „исклучително критична“, изјави градоначалникот Фелипе Аугусто, пренесе Би-би-си.
Најмалку 35 лица загинаа во тој град кој беше тешко погоден од временските услови, додека седумгодишно девојче загина во градот Убатуба. Стотици луѓе во државата Сао Паоло се раселени и евакуирани.