
Бројот на загинатите во силните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари се искачи на 35.225, покажуваат официјалните податоци објавени утринава.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени, а неколку часа подоцна со јачина од 7,5 степени по Рихтер, минатиот понеделник ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија.
Во Турција загинаа 31.643 лица, соопшти утринава турското јавно тело за справување со катастрофи Афад, додека властите во Сирија известија дека таму досега загинале 3.581 лице.
Според ОН, бројот на загинати може да се удвои. Се намалуваат надежите дека сепак ќе можат да најдат преживеани под урнатините.