Украина: Руските сили го испуштаат резервоарот потребен за ладење на нуклеарната централа во Запорожје

Русија намерно ја испушта акумулацијата Каховка, изјави вчера вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

„Ова е екоцид. Окупаторите ја исцедуваат акумулацијата Каховка. Ова е закана за животната средина, водоснабдувањето и земјоделството на регионите Запорожје и Херсон“, рече Верешчук.

Резервоарот Каховка е извор на ладење на нуклеарните централи во Запорожје и достигна најниска точка во последните три децении, пишува Киев Индипендент.

„Иако намаленото ниво на водата не претставува непосредна закана за нуклеарната безбедност, може да стане опасно доколку продолжи“, рече директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, пренесува Индекс.хр.