Над 80% од граѓаните сметаат дека правосудниот систем во Македонија е корумпиран, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе ИПИС.
Според неа, 57,1% сметаат дека во судството и обвинителството има многу корупција а 22,7% сметаат дека донекаде има корупција. Само нешто под 12% се на ставот дека нема корупција во правосудниот систем. Од нив, 9,5% сметаат дека донекаде нема корупција а само 2,2% дека воопшто нема корупција меѓу судиите и обвинителите.
Во споредба со анкетата од пред 4 година која исто така за Детектор ја спроведе ИПИС, граѓаните се на ставот дека денеска судиите и обвинителите се уште покорумпирани.
Пред 4 години околу 75% сметале дека судството е корумпирано што е за околу 5 процентни поени помалку од најновите резултати.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.