Битола: Казнети 46 возачи за возење под дејство на алкохол

На територија на СВР Битола во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 46 возачи.

Ккао што денеска информираа од МВР, за време на контролата биле санкционирани и 42 останати прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.