Рафајловски: Нека прогласат банкрот на државата!

Бизнисменот Д-р Горан Рафајловски во најновото издание на Трилинг вели дека веќе се судираме ние како бизнис заедница со огромен недостаток на вработени, квалификувани вработени. Според него се веќе мисловна именка, вработените се непостоечки.

На прашањето дали смета дека оваа влада предводена од Ковачевски ќе го истурка мандатот до крај до редовните парламентарни избори, нивна теза е дека  со зголемувањето на  парламентарно мнозинство, ќе спласнуваат на политички и економски план одговори:

,,Прво не мислам дека е укрупнување. Колку пратеници ќе добијат колку ќе изгубат? А дека ќе истераат до крај, ќе истераат бидејки решиле. Избори се губат кога правите серија на грешки.

Влада која ќе ја направи основата Македонија сериозно да може да пристапи и малку од малку да биде рамноправна, а не шуткана иако примена во ЕУ”.- вели тој.

Во однос на новата еврообврзница, тој истакна : ,,Не постои развој во купи ден продај, тоа е преживување”..

,,Оваа обврзница е земена  баш заради фактот што ние не можеме да го сервисираме долгот. Земена е за несервисирање на старите долгови. Таа веднаш ќе биде потрошена  за отплаќање на старите долгови и за купување статус за да не направиме некој поголем економски пад на земјата” – истакна Рафајловски.

Во однос на сите последователни кризи од енергетската, економската па здравствената криза, банките кои добро го пребродија овој кризен период и чуваат депозит од околу 3 милијарди евра, плус уште толку низ фирмите,вкупно околу 7 милијарди евра во банките тој потенцираше:

,,Неискористен капитал. Треба да се дадат поволности при инвестирање на тие пари. Ние немаме сериозна берза да луѓето тргнат и купуваат. Нема сериозни хартии од вредност  кои што ќе ги издаваат а тие пари што ви стојат  е трагедија” .

На прашањето дали можеби треба да се размислува за екпертска влада тој вели:

,,Сериозна техничка експертска, не е важно како ке ја крстите.Со еден мандат од најмалку три години каде што ни една политичка партија нема да има влијание а оваа ке добие задачи што треба да ги исполни.Мислам дека со еден сериозен притисок на  мегународна заедница и ветување дека оваа влада го гарантитан влез во ЕУ дека со притисок и контрола дека политички ке си профункционира како што треба” – вели тој.

Рафајловски смета дека ни треба сериозна реформа во администрација.

,,Треба да намалиме администрација од 130 официјални илјади на 80.Да не кажам оние уште 20 илјади што се на договор за дело  и постојано функционираат  и ние сите ги забораваме.Намалување на 50 илјади администрација треба план.План од обезбедување 2 3 годиншна плата, 1о години после никој да нема право да ја зголеми администрацијата освен за одредени дејности кои ни требаат….’’ – истакна бизнисменот во најновото издание на Трилинг.