Mаџов: Младите треба да земат пример од успешните македонски стартапи кои го освојуваат светот

Маџов во најновото издание на Трилинг истакна дека новата дигитална реформа која ја направија, било начин на едно место да се соберат сите ресурси што се достапни за старт – ап компаниите.

Тој вели дека во Македонија забележуваат индивидуи кои навистина знаат што треба да се склопи како продукт.

,,Ке земам за пример три компании кои пто во изминатиов период беа убава вест во делот на работа со фриленсери. Станува збор за компанијата Nаitive teams од Битола која зема 2 милиони ивестиции за да може да ги дигитализира целиот свет на  фриленсери, компанија од Штип која работи со најголемите ритилери и комерс платформи…” – вели тој.

Решенија се креираат, прашањето е колку сме ние спремни да внесеме ресурси во одредени вертикали со кој што ќе го потурнеме развивањето на се повеќе решенија со додадена вредност” – истакна Маџов.

Вели дека недостигот што го имаме на млада кфалификувана сила, е тренд што се случува во Бугарија и Грција пред  10,15 години во нивното влегување во ЕУ каде што најголем дел од младината си заминала.

,,Не може да им се забрани на младите да прошетаат напротив треба да се мотивираат да видат во светот какви практики постојат на водење бизнис да го подигнат нивото на водење на бизнис” – истакна Маџов во најновото издание на Трилинг.