Екс премиерот на Израел: Путин ми вети дека нема да го убие Зеленски

Поранешниот израелски премиер, Нафтали Бенет изјави вчера дека рускиот претседател Владимир Путин го уверил дека нема да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на состанокот во март минатата година.

Во интервју со израелскиот новинар Бенет рече дека кога се враќал на московскиот аеродром од состанокот со Путин, му се јавил на Зеленски и му рекол дека рускиот претседател ветил дека нема да преземе чекор против неговиот живот, пишува израелски „Хаарец“.

„Потоа Зеленски ме праша „Дали си сигурен? и му реков: „Да, 100 отсто, тој нема да те убие“, додаде Бенет.

Според Бенет, Зеленски тогаш се согласил да се откаже од идејата Украина да влезе во НАТО.

„Сè што направив беше координирано со САД, Германија и Франција“, рече Бенет.

Средбата меѓу Бенет и Путин во 2022 година се одржа во строга тајност, со што Бенет стана првиот западен лидер кој се сретнал со руски претседател по инвазијата на Украина.