Џамбаски од Благоевград: Циркус е задржувањето на Бугарите на границата со Македонија

„Ќе одлучиме дали денеска ќе одиме во Скопје во зависност од ситуацијата долж границата“ рече бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски за бугарската агенција БТА

Тој е во Благоевград, каде што учествуваше на официјалната прослава на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Џамбаски коментира дека „тоа што се случува на граничните премини е апсолутна срамота“, прецизирајќи дека бугарските државјани чекаат на граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија.

„Ако продолжат овие провокации, одложувајќи ги луѓето, апсолутно е навредливо за сеќавањето на Гоце Делчев да учествува во таков циркус и да виси на граница како дел од антибугарска кампања. Почнаа да го прават она што го сакаат – претседателот, премиерот и старата комунистичка номенклатура, а нивните синови продолжуваат да поттикнуваат антибугарска омраза, што може да се види како одекнува – палење бугарски клуб, напад на друг клуб со оружје“ рече Џамбаски.

Според него, Гоце Делчев може и треба да го слави секој Бугарин, не само на 4 февруари.