Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на Бугарија и Македонија, напиша на Фејсбук лидерот на бугарската ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов.
„Денес се навршуваат 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер и македонски комита Гоце Делчев, кој го даде својот живот за ослободување и автономија на Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев е симбол на заедничката историја што ги поврзува и денес народите на Северна Македонија и Бугарија!“ – напиша Борисов.