Континенталниот дел на Соединетите Американски Држави беше погоден од најстудениот ветар досега и температура од минус 77 Целзиусови степени во Њу Хемпшир, соопшти метеоролошката служба, бидејќи речиси 100 милиони луѓе во Северна Америка беа погодени од арктичкиот студ.
Американската национална метеоролошка служба (NWS) објави дека ледените налети на ветерот на планината Вашингтон во Њу Хемпшир во петокот предизвикале студ од минус 77 степени Целзиусови, што е најниската температура досега забележана на таа планина, пренесува Танјуг.
Речиси 100 милиони луѓе низ североисточниот дел на САД и Канада беа погодени од екстремно ниски температури, а властите предупредуваат дека смрзнатини може да се појават за помалку од 10 минути.
Властите ги повикаа жителите од Манитоба, Канада до Мејн, САД, да го ограничат времето поминато на отворено до сабота.
Комбинираниот ефект на ветер и студ се очекува да донесе најниски температури од 1980-тите во Мејн, Нова Англија, како и во Квебек и делови од источна Канада.
Speaking of Malone, check out the camera view this morning!
Snow "dunes" move across the open plain, driven by the same wind that is currently producing -45F wind chills here. This is one of the cooler phenomenon the @nysmesonet can observe. #nywx pic.twitter.com/HEg7xrSZi1
— Nick P Bassill (@NickPBassill) February 3, 2023
Во Бостон беше прогласена вонредна состојба поради студот, а државните училишта беа затворени, како и блиските Ворчестер и Бафало, Њујорк.
Њујорк, кој забележа температури од минус 23 степени Целзиусови, донесе вонредна уредба со која на бездомниците им се дозволува да одат во кое било засолниште за да се спасат од студот.
Ниските температури ги зафатија и среднозападните американски држави Мичиген, Висконсин, Индијана, Илиноис и Охајо.
10°F 🌫️ Dense #Ice #Fog.
Vis reduced: < 1/4mi
Roads: Compact #snow & ice.N. #Flathead • NW #Montana • #MTwx • @NWSMissoula pic.twitter.com/KBpUoPl2ER
— ☔️⛈“ℂℂ”❄️⛄️ (@CC_WxWitch) February 3, 2023
Екстремно ниски температури погодија и делови од Канада: поголемиот дел од Квебек и цела Онтарио, како и дел од Манитоба, а Торонто во петокот забележа температура од минус 29 степени Целзиусови.
Падот на температурите беше предизвикан од силниот арктички фронт што се протега од поморските провинции на Канада до централните делови на САД.
Најмалку 11 лица загинаа во невремето во јужниот дел на САД од понеделникот.
Имаше осум смртни случаи во Тексас, две во Оклахома и еден во Арканзас.
Повеќе од 250.000 луѓе останаа без струја во петокот вечерта во Тексас, Арканзас, Мисисипи, Тенеси и Њујорк.