Новинарите не можат слободно да си ја извршуваат работата на чествувањето за Гоце Делчев

Фото: Фокус.мк

Новинарите кои го следат одбележувањетон на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ не смеат да влезат внатре во црквата. Таму им е дозволен влез само на снимателите и фоторепортерите. Но ако тие влезат, потоа не смеат да излезат.

Новинарите, пак, немаат право да се движат слободно во зоната за која се акредитирани, туку мора да стојат надвор пред платото.

Вакви правила диктираат владини претставници од протоколот и истите им ја отежнуваат работата на акредитираните медиуми.

Реакции имаше од новинарски екипи. За сите е недозволено Владата да постапува на ваков начин.

Тие им посочија на службениците дека знаат за високиот ризик кој го има настанот, но дека никој не смее да го загрозува правото на слободно известување на медиумите.

Во изминативе два дена, имаше низа рекации од ЗНМ за ограничувањата определени од Владата.