Претседателот Пендаровски и членовите на неговиот кабинет останаа без плата за јануари

Претседателот Стево Пендаровски и неговиот кабинет останаа без плата. Побарале објаснување од финансии зошто платата, која ја добиваат на 1 секој месец им доцни – образложението кое го добиле – го сметаат за неосновано.

Согласно Колективниот договор, вработените државни службеници од овој месец требало да добијат зголемување од 5%. Станува збор за 55 лица, каде не влегува претседателот, 3-цата именувани лица и 5 советници, кое не се опфатени со Колективниот договор, односно за нив не е предвидено зголемување, објави тв Сител.

– Образложението кое го добивме од Министерството за финансии е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано, пишува во соопштението првиот човек на државата.

Пари за зголемување на оваа институција обезбедени се преку сопствени заштеди, од самата институција, не се побарани дополнителни средства од буџетот, се наведува во ставот на претседателот.

Зошто нема плата за првиот човек на државата и неговите службеници, нема одговор од Министертво за финансии.