Секој втор тестиран во БиХ е позитивен на Ковид 19
Во последното деноноќие во БиХ се регистрирани 1.758 нови случаи на коронавирус. Оваа бројка е загрижувачка ако се знае дека е производ од 3.477 тестирани лица. Следува дека во земјата секое второ лице тестирано е позитивно на коронавирусот.
Шеснаесет лица починаа, по осум во Република Српска и во Федерацијата БиХ.
Тамошните медиуми пренесуваат дека поликлиниката во Бања Лука со денови има огромни редици, а дел од пациентите со симптоми не можат да се тестираат оти има недостиг од ПЦР тестови.