Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии додека служел војска и рече ги искритикува Али Ахмети и Димитар Ковачевски.
–Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…, напиша Мицкоски.