Битиќи и Бектеши: Нема да има прекин на парното до крајот на грејната сезона
„Проблемот со снабдување топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на грејната сезона ќе имаат непрекината испорака на парно греење, соопштија на заедничката прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања“. Ова попладнево го соопштија министрите Фатмир Битиќи и Крешник Бектеши.
Битиќи рече дека радијаторите на граѓаните на Град Скопје и на општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона.
„Иако обезбедувањето топлинска енергија е јавна комунална услуга, која треба и е обврска на Град Скопје, сепак одговорно е потребата на граѓаните да е на прво место и затоа Владата тоа го направи“ – рече Битиќи.
Тој информира дека последните две недели сите економски ресори во Владата имале редовни состаноци на кои се разгледувале сите опции и можни решенија и додаде дека е пронајдено најпрагматичното решение.
„Вчера Владата донесе одлука во која побара од ТЕ-ТО да снабдува електрична енергија и пареа како енергенс за БЕГ во временски период од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ до 31 јануари 2022 година. Владата во процесот на преговори со БЕГ и со ТЕ-ТО го заштити интересот на граѓаните и тие можат да бидат спокојни дека домовите ќе им останат топли“ рече Битиќи.
Министерот Бектеши информираше дека проблемот со снабдување топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење.
„Владата на денешната седница на предлог на Министерството за еконмија, во соработка и со Регулаторната комисија за енергетика, со ЕСМ, со кабиентот на вицепремеирот, ја донесе Уредбата во делот на критеирумите и условите за прогласување кризна сосотјба на пазарот на топлинска енергија. Согласно оваа Уредба, ќе биде донесена одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија за што деталите ќе бидат дополнително утврдени“ – рече Бектеши.
Најави дека Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои ќе се субвенционираат сметките за топлинска енергија на сите граѓани кои ја користат оваа услуга.