МЗ информира дека во последните 24 часа направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 871, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53…
Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од: Скопје – 477, Битола – 52, Прилеп – 40…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (81 г и 86 г) и Битола (65 г и 66 г) и по едно починато лице од Прилеп (45 г), Охрид (69 г), Струмица (68 г) и Валандово (72 г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Бројот на активни случаи изнесува 14.545.