Во последното деноноќие во Франција има речиси 370.000 новозаразени со Ковид 19, меѓу нив и министерот за здравство Оливие Веран излезе позитивен на тестот. Тој имал благи симптоми, соопштија од неговото опкружување.
„Како што налага протоколот, вакциниран со три дози, тој ќе ја почитува изолацијата и ќе продолжи да работи од приватните простории на неговото министерство, каде што престојува“ велат информациите од Франција.
Веран вчера присуствувал на Советот на министри, а за инфекцијата бил предупреден во попладневните часови преку апликацијата „All Anti Covid“, веднаш бил подложен на прв тест што се покажал негативен.
Повеќе од 53 милиони Французи ја примиле првата доза од почетокот на кампањата за вакцинација, од пред повеќе од една година, а речиси 30 милиони имаат добиено дополнителна доза.