Пред 10 дена градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска го постави Филип Пасху за в. д. директор на ЈП „Градски паркинг“, но тој е разрешен од функцијата. Нов в. д. директор на претпријатието од денеска е е Бојан Христовски, досега вработен во МВР. Од Град Скопје велат – Пасху бил само времено решение.
„Филип Пасху не е разрешен, беше поставен на функцијата в. д. директор како времено решение за да се запазат рокови. Тој ќе има ангажман со нова позиција во Градот. Претпријатието има нов директор, Бојан Христовски“ – велат од Град Скопје.