Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“ и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање за кривична пријава против цементарницата „Усје“ за загадување на Скопје.
Од „Усје“ ги демантираа овие обвинувања.
„Имале заедничка соработка Државен инспекторат за животна средина и локален инспекторат на Град Скопје. Имало направено вонредна инспекција на „Усје“, на барање од институции од државата и на Град Скопје. Резултатите ги имаме, сега ние го разгледуваме извшетајот и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма. Целосно, транспарентно ќе го презентираме, кога извештајот ќе биде разгледан и комисијата ќе го има разгледано целиот“ – истакна министерот.