Околу три отсто од граѓаните во Англија и Велс се изјавиле дека припаѓаат на ЛГБТ заедницата

Околу три проценти од граѓаните на Англија и Велс се изјасниле дека припаѓаат на ЛГБТ заедницата на пописот, кој за првпат вклучи прашања за сексуалната ориентација, на кои не мораше да се одговори.

748.000 луѓе постари од 16 години се изјасниле како хомосексуалци или лезбејки, 624.000 се бисексуалци, 165.000 одговориле дека имаат „некоја друга“ сексуална ориентација, а 262.000 рекле дека нивниот родов идентитет се разликува од оној што бил регистриран при раѓање.

Пописот во Англија и Велс беше одржан во март минатата година и 59,6 милиони луѓе живеат во тие делови на ОК.

Властите во Шкотска го одложија пописот поради пандемијата на Ковид.

Околу 3,6 милиони луѓе одбиле да одговорат на прашања за сексуалната ориентација, додека 2,9 милиони не сакале да се изјаснат за својот родов идентитет.

Вкупно, 43,4 милиони луѓе во Англија и Велс изјавиле дека се хетеросексуалци.

Хомосексуалноста над 21 година во Англија и Велс е легализирана во 1967 година.