Почина најстарата Американка, имаше 115 години

Беси Хендрикс, најстарата жена во Америка, почина на 115-годишна возраст, објавија локалните медиуми.

Беси официјално беше најстарата личност во САД и четврта најстара во светот, според Геронтолошката истражувачка група.

Таа почина во вторникот во центарот за медицински сестри „Шеди Оукс“ во Лејк Сити, Ајова.

Беси е родена на 7 ноември 1907 година и надживеала две од нејзините пет деца, а нејзиното најстаро дете има 90 години.

Својот последен роденден го прославила во дом за стари лица, а кога наполнила 110 години изјавила дека тајната за долг и успешен живот е напорната работа, пренесуваат американските медиуми.

Во моментов, најстарата личност на светот е Французинката Лусил Рандон, која има 118 години.

Инаку, најдолговечна личност досега беше и Французинката Жан-Луј Клемент, која почина на 122-годишна возраст во 1997 година.