Претседателот на бугарското Народно собрание е позитивен на Ковид 19

се доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18. јануари на Скопје

Никола Минчев – претседателот на бугарското Народно собрание е позитивен на коронавирус.

Од бугарскиот парламент појаснија дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел 6 часа.

Веднаш потоа, Минчев направил тест, кој излегол позитивен.

Во следните денови тој ќе учествува на седниците на 47. Народно собрание на Бугарија од далечина, по електронски пат, со почитување на правилата усвоени од Собранието.

Бугарските медиуми јавија дека Минчев и другите учесници во Консултативниот совет за национална безбедност ќе бидат во карантин 10 дена, па се доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18. јануари на Скопје.