Речиси 1 700 новинари се убиени во последните 20 години

Поголем број на новинари се убиени во мировните отколку во воените зони,поради нивните истраги за организиран криминал и корупција во последните 20 години на глобално ниво.

1 668 убиени новинари од 2003 до 2022 година во светот.Оваа бројка е податок објавен од организацијата Репортери без граниви (РСФ).

Според податоците,најопасни земји за новинарите се Ирак и Сирија.Во овие две земји зафатени од војна, во изминативе две децении убиени се 578 новинари што претставува една третина од вкупниот број.

По Ирак и Сирија, се Мексико (125), Филипини (107), Пакистан (93), Авганистан (81) и Сомалија (78).

Според полот, мажите претставуваат 95 отсто од убиените новинари.

Нјцрни години биле 2012 и 2013 година, со  142 загинати новинари.

Бројот на убиени новинари повторно почна да расте во 2022.Педесет и осум новинари беа убиени годинава додека ја извршуваа својата работа, во споредба со 51 во претходната 2021, како резултат на војната во Украина каде загинаа осум новинари.

Украина е и на второто место кога станува збор за најопасните земји за новинари во Европа.Пред неа е Русија, каде за 20 години беа убиени 25 новинари.

Трета во Европа е Турција, а по неа е Франција.