Маричиќ годината ја заврши во друштво со продавачи на „Лице в лице“

Бојан Маричиќ, последниот работен ден за оваа година го заврши во друштво со најмладите продавачи на социјалното списание за економска интеграција „Лице в лице“, кои дел од нив се вклучени и во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“.

Грижата за ранливите категории не е само наша обврска, туку и прашање од општествено значење. Нашиот придонес на ваквиот вид социјално претприемништво значи нивното економско и социјално јакнење и помош во градењето инклузивно општество, пишува на Фејсбук статусот на Маричиќ.

Во Секретаријатот за европски прашања Маричиќ разговараше со младите за предизвиците со кои се соочуваат, за нивните желби и идни планови. Во тој контекст со Христијан, љубителот на гитарата и идниот европски шампион во кик-бокс, се договорија постигнатиот успех и резултат на натпреварот во Ниш, Србија, заедно да го прослават.

Вицепремиерот им подели новогодишни пакетчиња и им ја честита новата 2023 година со искрени желби за добро здравје, безгрижност, насмевки, многу убави моменти и нови пријатели.