Безбедносните сили во Казахстан досега приведоа 7.939 лица во врска со минатонеделните немири, соопшти тамошното МВР.
Минатата недела Владини згради беа нападнати или запалени во неколку градови, откако првично мирните протести поради поскапувањето на горивото прераснаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата. Казахстанските власти соопштија дека за насилствата се одговорни „екстремистички“ и „терористички“ елементи, од кои некои се странци.
Советот за национална безбедност на Казахстан денеска соопшти дека ситуацијата во поранешната советска република е стабилизирана и дека терористичките групи се неутрализирани.
Информациите се дека 164 луѓе биле убиени за време на судирите.