Бугарскиот претседател, Румен Радев за денеска свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност. Темата е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“.
На него ќе учествуваат лидерите на сите парламентарни партии и коалиции во 47. Народно собрание на Бугарија, неговиот претседавач Никола Минчев, како и потпретседателката на државата Илијана Јотова.
Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, пратеничка од ГЕРБ – Екатерина Захариева го критикуваше претседателот Радев поради свикувањето на Советодавниот совет за национална безбедност. Таа изјави дека советот не бил свикан од претседателот 2 години, што, според неа, е во спротивност со законот.
Екатерина Захариева беше категорична дека не гледа закана за националната безбедност на Бугарија од Република Северна Македонија, освен, како што наведе, ако само претседателот Радев гледа закана.