Серија земјотреси вечерва нешто пред 23 часот беа почувствувани во земјава
Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот на земјотресот со највисока магнитуда, од 5,8 степени бил во Грција, на 5 километри североисточно од Лерин.
По него следувале уште два послаби потреса од 3,5 и 4,8 степени.
Потресите биле силно почувствувани во Битола, а дел од жителите на овој град вознемирени излеглена улиците.
Засега нема извештаи за евентуални штети.