Само со задолжителен негативен ПЦР или рапид тест може да се влезе во Грција, и за вакцинираните и за невакцинираните, и оние кои прележале Ковид-19.
Оваа одлука беше воведена на 19 декември 2021 година, а сега продолжена до 24 јануари 2022 година. Мерката важи за сите патници, меѓу кои и оние од С.Македонија, јавуваат тамошните медиуми.
Мерката предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар.
Првично, мерката беше до 10 јануари 2022 година, но со новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, што веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила во утре во шест часот наутро, конкретното правило ќе важи до 24 јануари 2022 година.