„Половина Скопје сред зима е без парно греење, а Владата не презема ништо.
Веќе неколку дена половина од населбите во Скопје или немаат парно греење или имаат со многу слаба топлина. И додека народот смрзнува, владата не презема ништо, туку се оградува и префрла одговорност кај фирми и општини.
Градот Скопје и општините, не се ниту Регулаторна комисија за енергетика, ниту снабдувачи со топлинска енергија, ниту увозник на гас. А владата е таа која има надлежност и може да преговаеа со сите овие чинители.
Кога сите земји во светот преговараа за ефтино снабдување со гас Заев го инсталираше пиунот Ковачевски, и немаше кој да се грижи за снабдувањето со гас. Тоа предизвика и поскапување и недостаток. Владата е виновна зошто навреме не обезбеди енергетсла сигурност за државата.
5 години еден метар гасовод не е поставен.
Владата да не бега од одговорност и да отпочне со решавање на проблемот. Поскапувањето на парното и на струјата е проблем создаден од владата, не е ниту од град Скопје, ниту од општините, а уште помалку од граѓаните“ се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.