Рускиот опозициски лидер го тужи Путин затоа што го употребил зборот „војна“ за конфликтот во Украина

Опозицискиот политичар и градски функционер во Санкт Петербург, Никита Јуферев, денеска побара од обвинителите да отворат случај против рускиот претседател Владимир Путин затоа што го употребил зборот „војна“ за да го опише конфликтот во Украина.

„За мене е важно да свртам внимание на противречностите и неправдата на законите што Путин ги донесува и потпишува, но кои тој самиот не ги почитува“ – изјави Јуферев за Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека Путин вчера отстапил од официјалниот наратив кога на новинарите им рекол:

„Нашата цел не е да го ставиме ветерот зад конфликтот, туку напротив, да ставиме крај на оваа војна“.