„11 милиони денари бара Данела Арсовска, внимавајте, за прес конференции и приватна продукција за медиумски активности! Ова е таа предлог програма поднесена од Секторот за поддршка на градоначалникот за 2023-та година за активности на Град Скопје. Со овие пари, смета Данела Арсовска ќе и се подобрела транспарентноста“ рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој посочи дека „Данела Арсовска, како и нејзиниот секретар, коишто бегаа од новинари и од одговори за сиот хаос, сега бараат 11 милиони денари за организирање на прес конференции и промо видеа, а според предлог програмата од Данела Арсовска, за милион денари ќе правеле и информативно гласило, а после ќе го закачеле на страницата на интернет и ќе го споделеле на фејсбук!“.
„Арсовска бара 11 милиони денари за да периодично истражува приоритети за јавните претпријатија, ама и за Развој на креативен концепт и стратегија за комуникација со граѓаните! За јавните претпријатија како ЈСП кои што тонат во долгови! Данела Арсовска бара 11 милиони од буџетот за, цитирам „преку копродукција се изработуваат видео и аудио материјали во форма на кратки едукативни и информативни видеа”! Еве што е наведено за овие 11 милиони во оваа предлог програма: организирање на медиумски настани и прес конференции, објавување информации на веб порталот и социјалните мрежи, организирање на важни датуми, активности, Отворен Град 24“ посочи Стоилковски.