МВР влезе во трагата на дојавувачите за поставени бомби

За заканувачки пораки испратени во Делчево и Кавадарци, полицијата влезе во трага на дел од дојавувачите за поставени бомби. Опозицијата пак вели дека власта е неспособна. Министерот Спасовски не открива дали имаат осомничени. Најавува дека истрагата ќе биде проширена, а безбедносните служби заеднички ќе ги зајакнат капацитетите .Така ќе можат да се одбранат од хибридни напади.  Опозицијата вели дека четири години владејачката коалиција не нашла решение за справување со хибридните закани.

Во Македонија со месеци има лажни дојави за бомби за училишта, институции, трговски центри. Истото се случува и во регионот. Црна Гора утврди дека момче од Чешка се заканувало со лажни дојави, а во Србија за дојавите е уапсено едно лице.