Ковачевски: Во 2021. рекорден поврат на ДДВ во стопанството
„Минатата 2021. година има рекорден поврат на ДДВ во стопанството од 488 милиони евра и покачување од 22,8 отсто во споредба со претходната 2020 година“. Ова е пораката на лидерот на СДСМ и заменик министер за финансии – Димитар Ковачевски.
„Споредено со 2016 година повратот на ДДВ е речиси удвоен кога изнесувал 280 милиони евра“ напиша Ковачевски на Фејсбук.
Тој порача дека имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата година.
„Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата во 2021 година е над 4 проценти, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45отсто во споредба со минатата година“ потенцираше Ковачевски.
Мандатарот на идната Вада вели дека сето ова е „потврда дека економијата е стабилизирана и во 2022 година очекува проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството“.