Субвеницонираната струја стигна до прехранбената индустрија, цените ќе паѓаат дополнително
Субвенционираната струја по цена од 80 евра за мегават час стигна до 235 фирми од прехрамбениот сектор но цените допва ќе се намалуваат. Продуктите кои се на рафтовите, во залиха и во магацините се произведени во период кога цената на струјата е неколкукратно повисока па затоа не може веднаш да се намалат.
„Цената на електричната енергија во последните 5 дена се врати на цена над 400 евра плус 10 отсто маржа што грубо кажано изнесува 30 денари по киловат час. Така што целта на одлуката на Владата ја исполни суштината и спречи натамошно зголемување на цените. Во идниот период истава одлука треба да создаде пазарни услови за нормално стопанисување, со што се надевам ќе се создаде простор за намалување на цените,“ вели Горан Малишиќ од претседател на мелничко – пекарската групација.
За дел од пекарската индустрија сеуште има проблем бидејќи имаат поставено фотоволатици и барањето за субвенионирана струја им е одбиено па така предупредуваат дфека тие самите ќе мора да ја одредуваат пазарната цена.