Штедиме заедно денес, за да имаме утре, остварена е заштеда од 30 проценти електрична енергија за октомври годинава, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерот на официјалниот Фејсбук профилот соопшти дека биле инвестирани 500 милиони денари за енергетска ефикасност во објектите, 18.6 милиони денари за промена на стариот начин на греење со нов и 3.5 милиони денари во соларни панели.
Штедиме заедно денес, за да имаме утре
– Остварена заштеда од 30% електрична енергија за Октомври 2022
– 78 реконструирани објекти
– 500 милиони денари инвестирани за енергетска ефикасност
– 18.6 милиони денари за промена на стариот начин на греење со нов
– 3.5 милиони денари инвестиција во соларни панели
– Сината униформа дејствува за зелена околина