ВМРО: Виктор Димовски не смее да замине како амбасадор во Франција

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски не смее да замине како амбасадор во Франција по скандалот со украинскиот олигарх Олександар Онишченко, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николовски вели дека скандалот се случил поради тоа што Димовски цели 16 месеци немал никаква контрола за тоа што му се случува во институцијата. Интервјуто на Николовски е за вечерашното издание на емисијата „360 степени“ на Алсат.