Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов ги коментираше последните случувања во градот, особено проблемите на релација приватни превозници-Град Скопје. Шилегов ѝ се обрати на актуелната градоначалничка:
„Со сензационалистичко пласирање на лаги и невистини, купуваш ден, недела, месец, но не решаваш проблем. А нерешениот проблем ? Еееее, нерешениот проблем по истекот на денот, неделата, месецот се враќа и стравично удира. Право во глава ….Оди си. Не се (не) мачи сите …“ – напиша Шилегов на Фејсбук.
Арсовска вчера на прес-конференција ги обвини раководствата на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ дека „превозниците наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале, односно „најверојатно се ставале во нечиј џеб и после фактурирале по 400.000 евра од ЈСП секој месец и дека оваа шема трае пет години“.