
Државните институции повеќе штедат струја од општините
За третина во просек е намалена потрошувачката на струја на министерствата и државните институции минатиот месец но кога станува збор за оштините дел од нив не успеале да го постигнат бараниот просек од 15 отсто заштеда. Владата денеска ги презентираше резултатите од мерките за штедење струја кои се на сила од 1 септември.
Кога станува збор за министерствата, образование има најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има министерството за животна средина од 94 отсто. Заштедата на потрошен струја кај министерство за информатичко општество е 50 отсто а локална самоуправа кој минатиот пат беше на „црната листа“ сега заштедила за 58 отсто струја. МВР и економија имаат идентичен скор, 30 отсто помалку потрошена струја минатиот месец споредено со октомври 2021 година.
„Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседател на Република Северна Македонија, Собранието, Владата, министерства, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29%, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20% остварена во септември“, соопшти Крешник Бектеши, министер за економија.
Потрошувачката на електрична енергија само на министерствата сумирана заедно со сите единици кои се во склоп на надлежностите под одредено министерство е намалена за 33%.