
Во Хрватска над 30 сантиметри снег
Во Хрватска утринава се прекриени со снежна прекривка откако во текот на ноќта падна поголема количина снег.
На социјалните мрежи се шират фотографии и видеа од снежната прекривка.
Како што пренесува „24часа“ во Завижан од вчера почнал да паѓа снег, а снегулките паѓаат и денеска.
Исто така и Мркопаљ веќе е затрупан со снег, а од тамошната управа за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека снег се очекува и во текот на денешниот ден.
Податоците покажуваат дека најмногу снег наврнал во Завижан, каде што натрупале дури 40 сантиметри снег, потоа Бегово Раздоље со 33 сантиметри, Делнице со 27 сантиметри и Парг-Чабар со 21 сантиметри.