
Моника Зајкова, единствениот кандидат за нов лидер на Либерално демократската партија, која треба да го замени досегашниот претседател Горан Милевски кој беше на чело на партијата од 2015 година е родена на 21.02.1991 година во Скопје.
Зајкова по професија е правник и магистер по граѓанско право.
Од октомври 2019 година е потпретседател на ЛДП, актуелен пратеник е во Собранието.
Зајкова која гостуваше во последното издание на Трилинг порача дека „не се согласувам политичарите да се делат на стари или млади, секој има потенцијал. Не се согласувам со коментарите за ликови од транзицијата“.
„Во партијата има место и за млади луѓе, но и секој кој го делува либералниот дух“ порача Зајкова.
За Ристо Пенов, таа рече „дека за неговите дела можат да говорат граѓаните на Скопје, неговите дела се видливи“.
За правосудството, Зајкова рече дека таму треба „големи и суштински реформи, а за да го направиме функционално, треба волја и консензус“.
„Укажавме на потребата кога се носат закони од областа на правосудството, потребно е да се вклучат пратеници од сите партии. 30 години слушаме како треба да се реформира судството“ рече Зајкова.
Новата лидерка на ЛДП рече и дека не ја исклучува можноста Петар Гошев да биде претседателски кандидат.
„Јас со господин Гошев во многу наврати сум разговарала, секој совет кој доаѓа од него и конструктивна критика од него ја прифаќам, ми значи неговото мислење и совет“ порача таа.