Екипа на ТВ 24 беше нападната пред куќата на улица „Пржино“ број 28Б која, според официјалните документи, е пријавена како престојувалиште на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко.
Сопственикот на куќата на чија адреса е пријавен дека живее (иако Онишченко никогаш не бил во куќата) украинецот гонет за корупциски скандали и проституција, најдрско и простачки првин ги соблекува панталоните и го покажува половиот орган кон камерата.
Не застанува на своето непристојно однесување и почнува да вика по снимателот кој е на јавна површина.
Нападот од сопственикот на куќата, кој дозволил да биде живеалиште на Онишченко во Скопје, продолжува со пцовки и погрдни зборови кон снимателот на ТВ 24 за потоа да го нападне со боксови.