Претседателот на САД Џо Бајден и кинескиот претседател Шји Џјинпинг денес разговараа околу три часа на нивната прва лична средба откако американскиот претседател ја презеде функцијата пред речиси две години, со цел да се средат разликите меѓу суперсилите, додека се натпреваруваат за глобално влијание во услови на зголемено економски и безбедносни тензии.
Шји и Бајден се поздравија со ракување во луксузен хотел во Индонезија, каде што присуствуваат на самитот на групата Г-20 на големите економии, пред да седнат на официјални разговори.
„Како лидери на нашите две нации, ние ја споделуваме одговорноста, според мое мислење, да покажеме дека Кина и САД можат да управуваат со нашите разлики, да спречат конкуренцијата да стане нешто блиску до конфликт и да најдеме начини да соработуваме за итни глобални прашања. Тоа бара наша меѓусебна соработка“, рече Бајден на отворањето на средбата.
Шји го повика Бајден да го „зацрта вистинскиот курс“ и да ги „подигне односите“ меѓу Кина и САД, а тој рече дека е подготвен за „искрена и длабока размена на мислења“ со Бајден.